2win800x200

Отстранети столпчињата на велосипедската патека во Тетово

Декември 10, 2021

Ветување: Отстранување на столбови (сигнализација) за велосипедска патека

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалниот на Општина Тетово, Биљал Касами во програмата „100 дена Општина Тетово“, која ја објави во јавноста на 16 ноември на прес-конференција, но и на официјалната Фејсбук страница на Општина Тетово, вети дека ќе ги острани столбовите долж булеварот „Илинденска“, со кои е обележана велосипедската патека. Ова негово ветување е исполнето.

На 17 ноември на терен започнаа да сe острануваат столпчињата, а Касами тогаш пред медиумите изјави:

Во 100-дневниот план што го презентиравме пред пошироката јавност, е и отстранувањето на столпчињата на велосипедската патека, бидејќи тие се поставени спротивно на законот. За отстранувањето на столбчињата имаше донесено и решение од судот дека се незаконски, а ние тоа решение треба да го спроведеме.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_ostranuvanje-na-stolbichinja-2-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-111709 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

Екипата на „Вистиномер“ деновиве беше на лице место и регистрираше дека долж целиот булевар, од едната и од другата страна, нема столпчиња односно сигнализација. Со тоа фактички е отстранета и велосипедската патека во должина од 4 километри, во правец од центарот на градот кон Универзитетот на Југоисточна Европа и обратно.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/ostraneta-velosipedska-pateka-5-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-112592 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Отсртанета велосипедска патека
Фото: Вистиномер

Столпчињата долж булеварот „Илинденска“ во Тетово беа поставени во април годинава. Тие го одвојуваа коловозот каде на едната страна се движеа возилата, а мал дел од десната страна од сообраќајницата ја користеа велосипедистите.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/11/thumbnail_velosipedska-pateka-april-2021-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="wp-image-111712 size-full b-loaded" style="display: inline-block;" />
Велосипедска патека (април 2021) Фото: Вистиномер

За неа имаше реакции на социјалните мрежи дека е небезбедна, тесна, на некои места и не е проодна затоа што имаше поставено контејнери, а често патеката ја имаа узурпирано и паркирани возила.

Но сега, по остранувањето на оваа патека, дел од велосипедистите кои ја користеа реагираат. Велат и покрај тоа што судот донел одлука дека има некои незаконитости, сепак општината требала да ја остави, оти нема друга алтернативна патека за велосипедистите, и сега тие мора да возат по троатоар или улица, каде е крајно небезбедно.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/thumbnail_tetoov-vozila-300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-112600 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

Ние некако се навикнавме по оваа патека да возиме. Имаше недостатоци, но сепак ја користевме, сега нема каде да возиме. Секој момент може да не удри некое возило, па тука се префрламе на тротоар каде нема место за пешаците, а камоли за нас. Мора општината да изнајде решение за нас велосипедистите, оти и ние сме учесници во сообраќајот, вели велосипедистот Шериф Ајдини

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/thumbnail_velosipedist--300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-112606 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

За разлика од велосипедистите, пак, возачите на автомобили го поздравуваат ваквиот чекор.

Сега е навистина порастеретено за нас кои возиме автомобили, има и каде да се разминеш и каде да го паркираш возилото. Претходно беше тесно, немаше место кога беше велосипедската патека. И за нив, мислам на велосипедистите, треба да се обезбедат услови во сообраќајот. Но, сепак овој булевар кога е граден не биле предвидени велосипедски патеки, а оваа велосипедска патека беше импровизација и навистина пречеше во сообраќајот, вели Абдула Селими жител на Тетово.  

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/12/thumbnail_avtomobili-na-bulevarot-ilindenska--300x200.jpg 300w" alt="" width="600" height="400" class="size-full wp-image-112603 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Фото: Вистиномер

Со оглед на тоа што столпчиљата се остранети, односно долж булеварот нема сигнализација за велосипедската патека и делницата се користи  само за возила, ветувањето на градоначалникот Касами го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Зоран Димовски


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани