2win800x200

Не се пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Декември 31, 2021

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на почетокот на декември минатата година, на прес-конференција за Буџетот на Министерството за 2021 година, меѓу другото, кажа:

Најавуваме интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме веќе следната година да ги пуштиме во сообраќај и првите 20 километри.

[Извор:„Јутјуб“ – Прес-конференција на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски (14,28 до 14,37 минута од видеото); Датум: 01.12.2020 година]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Претставувајќи го буџетот на Министерството за 2021 година, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски  лани на прес-конференција (01.12.2021), кажа дека оваа година ќе бидат пуштени во сообраќај првите дваесетина километри од автопатот Кичево – Охрид. Сепак, тоа досега (27.12.2021) не се случи, па ова негово ветување го оценуваме како неисполнето.

На споменатата прес-конференција министерот Бочварски најави интензивни градежни работи на автопатот Кичево – Охрид и притоа појасни:

Во однос на патот Кичево-Охрид можам да кажам дека ги завршиваме сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шестпати поголем прогрес на работите, заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра што се предвидени. Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година(од 17,12 до 17,50 од видеото)

Но, пет месеци подоцна Бочварски соопшти дека ќе се продолжи рокот за изградба на автопатот.

Наредниот месец во Собранието ќе биде доставен предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави министерот за транспорт и врски на 18 мај оваа година.

Како што беше тогаш кажано, сѐ уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за изградба на автопатот, што со постојниот анекс на Договорот со изведувачот – кинески „Синохидро“ истекува следниот месец (јуни 2021 н.з.). Со новиот анекс, според Бочварски, не се предвидени дополнителни средства за реализација на проектот од сегашните проектирани 598 милиони евра.

Во текот на јуни ќе влеземе во Собранието со анекс на договор за овој автопат, што ќе значи продолжување на рокот за изградба. Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара, заедно со Министерството за транспорт, со изведувачите и со кредиорите, до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат и за да го продолжиме рокот. Но, важно е дека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање, откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во Штип.

Министерот тогаш, исто така, кажа дека:

Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти. Тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатот процент на реализација се работи. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и половина одобри 20 инфраструктурни проекти, со што на 20 позиции даваме шанса за уште побрз развој на настаните и изградба на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно, бидејќи од 70 инфраструктурни проекти што ни стигнаа за 70 измени на овој пат, веќе имаме одбрено 20. Отвораме силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите.

Пред еден месец, пак, Бочварски побара Собранието да овозможи нов рок за изградба на автопатот Кичево-Охрид. На 15 ноември министерот за транспорт и врски апелираше да се закаже седница на собраниската Комисија за транспорт и врски за да се усвои законот со којшто, преку анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, ќе се продолжи рокот за неговата изградба.

На терен има градежни работи, но динамиката не може да биде со потребното темпо, токму поради тоа што постојат институционални пречки кои треба да се решат во моментот во Собранието, рече Бочварски при увид на изградбата на патот Блаце-Скопје.

Одговоарајќи на новинарско прашање тој објасни дека:

Анексот за израдба на патот Кичево-Охрид, односно законот што треба да се усвои е во Собранието. Поради изборите Собранието не заседаваше, но денеска јас би сакал да го упатам апелот до собраниската Комисија за транспорт и врски веднаш да се закаже таа седница за да се усвои анексот за продолжување на рокот за изградба на овој автопат, бидејќи без тоа ние не можеме да имаме сериозни високи градежни активности во рокот на наредниот период.

Бочварски овојпат најави нов рок за завршување на изградбата на автопатот Кичеево-Охрид:

Во договорот се сите детали да овој автопат, а планот е да се заврши до крајот на 2023 година и тоа со максимални напори.

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во должина од 57 километри, е ветување старо десетина години.  Градежните работи на оваа делница започнаа во 2014 година за време на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и требаше да биде готов до 2018 година. Но, изградбата се пролонгираше, а во меѓувреме се смени и власта. Според образложението на надлежните институции, пролонгирањето се должи на пропусти во проектирањето. Со анекс на Договорот рокот за изградба беше продолжен до 30 јуни 2021. Сега рокот е повторно пролонгиран за уште две години, односно до крајот на 2023 година.

Со оглед на тоа што сме на крајот од 2021 година, а сè уште не се пуштени во сообраќај најавените дваесетина километри од автопатот Кичево-Охрид, ова ветување на министерот Бочварски го оценуваме како неисполнето.

ИЗВОРИ: 

Оцени: Соња Рилковска 


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани