2win800x200

Општина Карпош издвои 4 милиони денари за субвенции за возачка дозвола на младите карпошани

Јануари 16, 2022

ВЕТУВАЊЕ: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини Општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе наполнат 18 години вклучувајќи ја и оваа 2021 година, најави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања.

[Извор: Вечер. прес, Датму: 03.10.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, Општината да ги покрие трошоците за обука и за полагање за возачка дозвола за младите кои ќе наполнат 18 години, е во тек на реализација. За време на изборната кампања за локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 година, Јакимовски, како кандидат за градоначалник на Општина Карпош, рече дека Општината ќе ги субвенционира младите за полагање возачки испит.

Ветувањето за бесплатна возачка дозвола, Јакимовски го даде и на 28.09.2021 за време на неговата средба со граѓаните на Порта Влае, како дел од предизборните активности.

Сите жители на општина Карпош кои ќе наполнат 18 години ќе добијат бесплатна возачка дозвола. Општината ќе ги покрие сите трошоци, рече Јакимовски.

На 28.12.2021 година, од Општина Карпош, во изјава за Слободен печат, посочија дека доколку се обезбедат средства во Буџетот за 2022 година, тогаш секој жител на Карпош кој ќе наполни 18 години ќе може полесно да дојде до возачка дозвола.

Проектот за поддршка на младите од Општина Карпош, кој опфаќа покривање на трошоците за обука и полагање возачки испит, ќе биде дел од програмата за работа во 2022 година за чија реализација треба да бидат и одобрени средства со Буџетот на општината за следната година. Очекуваме дека советниците ќе ја поддржат иницијативата на градоначалникот и дека во најскоро време ќе ја изгласаат – изјавија од Општина Карпош.

Советот на Општина Карпош на 29.12.2021 ја усвои Одлуката за субвенционирање млади лица за полагање на возачка дозвола. Вкупната сума која е предвидена за оваа намена за 2022 година е 4.100.000 ден. Одлуката е дел од Програмата за активностите на Општина Карпош
во областа на развојот за 2022 година. На истата седница, Советот на Општината го усвои и Буџетот за 2022 година.

Но, доколку ја погледнете Програмата за активностите, на стр.4 ќе видите дека таму е наведено дека Општината ќе ги субвенционира трошоците за полагање за возачка дозвола, но не повеќе од 50 отсто. Што е различно од изјавата на Јакимовски дадена за време на предизборната кампања, дека Општината ќе ги покрие сите трошоци. Зошто дошло до промена на одлуката и ветувањето на Јакимовски, „Вистиномер“ праша во Општина Капрош. Оттаму ни одговорија дека причината се парите. Годинава, посочуваат од Општина Карпош, целта на градоначалникот е да се стабилизира работењето на Општината преку одблокирање на сметката и максимално намалување на непродуктивните трошоци за да се ослободат средства за проекти.

Да, во право сте дека градоначалникот Стевчо Јакимовски во предизборната кампања вети целосно покривање на трошоците за возачки испит за сите млади во општината кои ќе наполнат 18 години . Исто така, точно е дека Советот на Општина Карпош на 29.12.2021 усвои Одлука за субвенционирање млади лица за полагање на возачка дозвола. Сумата предвидена во Буџетот за 2022 година за оваа намена е 4.1 милиони денари, а висината на надоместокот што ќе го добијат апликантите ќе зависи од бројот на пријавени кандидати и од утврдената цена за обука за возачкиот испит. Годинава нема целосно да бидат покриени трошоците за полагање на возачки испит од следните причини:

Општина Карпош во 2022 година има Буџет од 485.263.000 денари, а трошоци од 530 милиони денари. Причината за тоа е слабиот прилив на средства во општинската каса. Буџетот законски се формира како просек од приходите во изминатите три години зголемен за 30 отсто. Просекот на буџетски приход во изминатите три години бил многу низок: 390 милиони, 330 милиони и 340 милиони денари. Годинава целта на градоначалникот е да се стабилизира работењето на општината преку одблокирање на сметката и максимално намалување на непродуктивните трошоци за да се ослободат средства за проекти.

Поради тоа максимално се намалени трошоците по сите основи, за да се дојде до сума која ќе дозволи општината да функционира, односно да има тековно одржување. Притоа водено е сметка да има средства за субвенции за сите планирани проекти, меѓу кои и за полагање на возачки испити, ни одговорија од Општина Карпош.

Со оглед на тоа што Општината донесе Одлука дека ќе ги субвенционира младите за полагање возачки испит, а исто така, се предвидени и средства за оваа намена за претстојната година, ветувањето на Јакимовски  има  оценка „во тек“.

„Вистиномер“ ќе го следи ова ветување со цел да видиме дали и кога ќе почне исплатата на субвенциите за полагање за возачка дозвола, како и тоа во кој износ ќе се субвенционираат трошоците.

ИЗВОРИ:

Оцени: Ана Анастасовска


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани