АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пост на Фејсбук се изнесени лаги и манипулации дека вакцинирните најмногу заболуваат од омикрон, што е неточно.
Двојно и бустер вакцинираните се магнет за омикрон. Многу појке од НЕвакцинираните. Данска студија.
Comparing households infected with the Omicron to Delta VOC, we found an 1.17 (95%-CI: 0.99-1.38) times higher SAR for unvaccinated, 2.61 times (95%-CI: 2.34-2.90) higher for fully vaccinated and 3.66 (95%-CI: 2.65-5.05) times higher for booster-vaccinated individuals, demonstrating strong evidence of immune evasiveness of the Omicron VOC, пишува во објавата.
За да ја изманипулира јавноста прикажана е фотографија – принтскрин со наслов: „Омикрон се шири меѓу вакцинираните повеќе од делта: Данска студија“, а споделен е и линк од анализата.
Но, споделената данска студија го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните.
Меѓу 11.937 домаќинства , идентификувавме 6.397 секундарни инфекции за време на период на следење од 1-7 дена. SAR беше 31% и 21% во домаќинствата со Omicron и Delta VOC, соодветно. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица. Споредувајќи ги домаќинствата заразени со Omicron со Delta, откривме 1,17 (95%-CI: 0,99-1,38) пати повисок SAR за невакцинирани, 2,61 пати (95%-CI: 2,34-2,90) повисок за целосно вакцинирани и 3,66 (95). %-CI: 2,65-5,05) пати повисоко за индивидуи вакцинирани со бустер, што покажува силни докази за имунолошка евазивност на Омикрон, стои во студијата.
Студијата, исто така, покажува дека омикрон е позаразен во однос на делта сојот.
За лицата вакцинирани со трета бустер доза, Omicron беше детектиран кај 25%, додека соодветната проценка за Делта беше само 11%, пишува во студијата.
Меѓутоа, данската студија не заклучува дека вакцините против ковид-19 негативно влијаат на имунолошкиот систем или дека се целосно неефикасни против варијантата омикрон, објави Сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“.
Данската студија не заклучи дека вакцините со mRNA COVID-19 му штетат на имунолошкиот систем, ниту, пак, авторите заклучија дека вакцините мРНК COVID-19 се целосно неефикасни против варијантата Омикрон. Сепак, многумина на социјалните мрежи погрешно ги протолкуваа проценките за ефективноста на вакцината, напиша „Ројтерс“.
Наспроти тврдењето во постот, голем број анализи докажуваат дека коронавирусот, вклучително и омикрон варијантата повеќе ги погодува невкцинираните лица.
Во интервју за „New Day“ на „CNN“, Мвуиси Мезуква, потпретседател на Јужноафриканското медицинско здружение, изјави дека омикрон варијантата особено ги погодува невакцинираните пациенти.
Тоа што го забележавме е дека луѓето кои се хоспитализирани како последица на омикрон сојот, главно се невакцинирани, околу 90 отсто од нив, изјави Мезуква.
Постарите и невакцинираните лица сè уште се изложени на ризик доколку се заразат со омикронската варијанта на ковид-19, предупреди Огуз Карабај, декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Сакарија Турција.
Според нашите првични согледувања, оние кои се заразени со омикронската варијанта на коронавирусот имаат тенденција да покажуваат поблаги симптоми, но сепак постарата популација и невакцинираните луѓе сè уште се изложени на ризик, изјави Карабај.
Карабај напоменува дека варијантата омикрон се шири побрзо и дополнително ќе го зголеми бројот на пациенти.
И покрај вакцината, таа може да предизвика болест. Но, сегашните вакцини сè уште продолжуваат да бидат ефикасни против сериозни болести и смрт, вели тој.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на позитивни случаи на глобално ниво е зголемен за 71 отсто во последната недела, а во Америка за 100 отсто. СЗО посочи дека 90 отсто од тешките случаи ширум светот биле невакцинирани.
Иако омикрон се чини дека е помалку тежок во споредба со делта, особено кај оние кои се вакцинирани, тоа не значи дека треба да се категоризира како благ, изјави деновиве на прес-конференција директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсусд.
Според последната анализа на Министерството за здравство (од 11.01.2022) и кај нас расте процентот на заразени со омикрон.
Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05-10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата, соопштија од Министерството.
Имајќи ги предвид сите изнесени факти овој пост го оценуваме како дезинформација.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар