2win800x200

ПЦР тестот не е неточен и не е судски дискредитран

Јануари 18, 2022

Во објавата се тврди дека судски е потврдено оти ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не даваат резултати ниту на македонски јазик, ниту на англиски јазик. Да е навистина донесена ваква судска одлука тоа ќе го објавеа сите медиуми и не само што ќе го објавеа, туку ПЦР тестот ќе престанеше да се користи. Ама, тоа не е така. ПЦР тестот и во моментов се користи кај нас во сите овластени лаборатории, како државни така и приватни, но и насекде во светот

ПЦР тестот не е неточен и не е дискредитран, како што тврди оваа објава на социјалната мрежа Фејсбук. Ова е дезинформација и не треба да се верува во ваквите тврдења кои имаат за цел да фрлат сомнеж на процесот на тестирање, а со тоа да предизвикаат и сериозна штета на јавното здравје.

⛔️STOP PCR TESTING!⛔️

ПЦР Тестот потполно неточен и дискредитиран како алат за ДЕТЕКТИРАЊЕ на кoрoна вирусoт. Судски од 31.12.20✅

Во објавата се тврди дека судски е потврдено оти ПЦР тестот е неточен при детектирање на коронавирусот. За вакво ударно и драматично тврдење не може да се најде никаква потврда или доказ. Од објавата не е јасно на кој суд се мисли и од која земја е судот. Ниту, пак, се објаснува врз основа на што е донесена ваква наводна судска одлука.

Пребарувањата на Гугл за ваква судска одлука не даваат резултати ниту на македонски јазик, ниту на англиски јазик. Да е навистина донесена ваква судска одлука во С. Македонија тоа ќе го објавеа сите медиуми и не само што ќе го објавеа, туку ПЦР тестот ќе престанеше да се користи. Но, ова не е случај бидејќи ПЦР тестот и во моментов се користи во сите овластени лаборатории за правење на овој тест, како државни така и приватни. Дури и да се мисли на суд надвор од С. Македонија, таквата одлука ќе беше објавена од големите медиумски куќи, меѓутоа за ваква судска одлука нема ни трага ни глас во ниту еден медиум.

ПЦР тестот, којшто се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Причината за неточен тест може да биде лошото или недоволно земање на брис примерок, заради невнимание или нестручност на лабораториски техничари или заради загаденост на примерокот во различни стадиуми во подготовката. Дополнително, доколку луѓето се тестираат при самиот почеток на инфекцијата, можни се лажно негативни резултати.

Овие тестови, кои ги бараат знаците на активната инфекција, се безбедни и се најверодостоен начин да се дознае дали некој е моментално заболен.

Тестирањето игра клучна улога при справувањето со пандемијата, бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе. Затоа уште на самиот почеток на пандемијата СЗО апелираше на масовно тестирање и навремено изолирање на заболените.

Имаме едноставна порака за сите држави – тестирајте, тестирајте, тестирајте, изјави директорот на СЗО, Тедрос Адханом.

Освен тоа, ПЦР тестовите се употребуваат и како доказ за отсуство на коронавирусот во организмот при патување и се услов за влез во многу земји од светот, покрај сертификат за целосна вакцинација.

И во С. Македонија ПЦР тестирањата се секојдневие. И приватни и државни лаборатории ги спроведуваат тестовите без престан од почетокот на пандемијата до денес.

Вакви објави, кои предизвикуваат сомнеж во тестовите, коишто го детектираат коронавирост, можат да бидат многу штетни доколку некој поверува во нив, но одбива да се тестира дури и доколку има симптоми или бил во контакт со заболен. А доколку некој е позитивен, а не се тестира и нема потврда дека е заболен, може да го шири вирусот насекаде, да зарази многу луѓе, но и да не добие соодветна медицинска помош.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани