АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интересен цртеж кој наликува и на карикатура и на духовит начин го исмева менито на војниците кои Божиќ 1916 година го поминале во рововите низ битолско , беше дел од изложбата „100 години од крајот на Македонскиот фронт“ поставена на 4 Номеври во битолскиот Завод и музеј. Во изложбата изработена од наставници од Скопје и Битола, членови на АНИМ - Асоцијацијата на наставници на Република Македонија, покрај фотографиите и податоците кои говорат за теророт, беше објавен и овој несекојдневен цртеж.
Со коњ и мазга, од Битола до Солун, на пат долг 240 километри утрово тргнаа францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт, придружувани од битолскиот професионален водич Петар Нолев.
Не со магаре, туку со мазга и коњи, поради нивната поголема издржливост, ќе се изведе Маршот долж линијата на Македонскиот фронт. Во патувањето ќе учествуваат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт придружувани од планинарскиот водич Петар Нолев од Битола.
(По повод 99 годишнината од Денот на потпишувањето на примирјето во Првата светска војна ја пренесуваме животната приказна на Михајло Куртевски, кој будно ја чуваше секоја педа од Француските гробишта во Битола. Текстот беше објавен во 2005 година, додека Куртевски беше жив. Го пренесуваме изворно.)