АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.
Во попладневните часови Старата битолска чаршија наликува на галерија во под ведро небо, каде младите ликовни творци од целиот свет, учесници на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“, ги изложија своите дела што ги направија во изминатите пет дена. Годинава на „Монмартр“ дојдоа преку стотина млади уметници од целиот свет. Од десетиците ликовни творби кои се создадоа на „Монмартр“, жирито ќе ги избере најдобрите, односно бисерите на годинешната ликовна колонија..
Изложбата на фотографии печатени во сито техника „Споменици на Револуцијата“ на германскиот уметник Марко Кројач, беше отворена вечерва во битолската „Магаза“ во организација на Завод и музеј-Битола и Сојузот на борци ОО-Битола.
Животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти, ќе бидат претставени на изложбата што вечерва ќе биде отворена во Битола на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“. Изложбата е насловена „Русите во Македонија (1920-1940)“.
Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија.
Организирана е од Амбасадата на Руската Федерација и ќе ја отвори амбасадорот Олег Шчербак, а ќе може да се посети до 13 март.
Креативните уметности можат да придонесат за подобро урбано живеење преку учество на граѓаните во текот на предлагање на решенијата.
Ова е идејата на проектот „Граѓански паметни скулптури- 4 D- Виртуелна урбана уметност“ кој преку изложба на проекти и фотографии и презентација на видео бим на непостоечки објекти во Битола кои биле од големо значење за градот од денеска е претставен за јавноста во Завод и музеј Битола.