2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Како последица на КОВИД-19, денеска почина Агапи Чункоска(54), член на Советот на Општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ. Од неа се простија нејзините колеги од Советот.

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, пред малку на официјалната ФБ страница објави дека е позитивен на КОВИД-19. Тој вели дека се заразил и покрај тоа  што ги почитувал сите мерки и препораки

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43,  Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5,  Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.  
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

 

Скринингот во хосписот "Сју Рајдер“ во Битола покажа дека позитивни на коронавирусот се 47 пациетни од вкупно 61 хоспитализиран во оваа геријатриска устснова, повеќето неподвижни и со голем број комобирдитети. Тројца од нив се со благи симптоми, а останатите се асимптоматски.  

 

Уште еден вработен во хосписот "Сју Рајдер" во Битола е позитивен на КОВИД 19, со што вкупниот број на заболени од персоналот се искачи на 7. Од пациентите заразени се 33, а се очекуваат резултатите за уште 15.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани