Од КОВИД-19 почина Агапи Чункоска, член на Советот на Општина Крушево

Ноември 08, 2020

Како последица на КОВИД-19, денеска почина Агапи Чункоска(54), член на Советот на Општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ. Од неа се простија нејзините колеги од Советот.

"Нејзиниот придонес во Советот ќе остане секогаш запаметен затоа што беше придонес за вистински промени.
Граѓаните на Општина Крушево ќе ја паметат Чункоска како една од омилените учителки, како сограѓанин кој работи на промоција на влашката култура во Крушево и како член на Советот кој учествуваше  во донесувањето на најзначајните одлуки за општината", стои на официјалната страница на Советот на Општина Крушево.

И крушевскиот градоначалник Томе Христоски, се прости со Чункоска и изрази сочувство до семејството


"Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот", напиша на ФБ градоначалникот Христоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани