2win800x200

Членовите на Македонското научно друштво од Битола на денешното изборно собрание, за првпат избраа жена за претседател. Научното друштво кое опстојува шест децении во селдните години  ќе го води Невена Груевска, професор на Славјанскиот универзитет во Битола. Таа доаѓа на местото на досегшаниот прв човек на МНД, долгогодишниот новинар, публицист и професор Марјан Танушевски.

Новата претседателка Груевска високо образование стекнала на Факултетот за биотехнички науки во Битола во учебната 2005/2006 година и била прогласена за еден од трите најдобри студенти на генерацијата, каде од 2005-2008 година била ангажирана како демонстратор. Магистерски труд одбранила на ФБН - Битола 2009 година. Докторски труд изработен и одбранет на ФБН- Битола, 2016 год. Автор и коавтор на повеќе од 10 научни труда. Од академската 2017/2018 година ангажирана на МСУ Гаврило Романович Державин и избрана во звање –доцент, на Факултетот за безбедност при работа. На истата установа во академската 2018/2019 година е редовно вработена и ја извршува функцијата продекан за настава. Член на Македонското научно друштво – Битола од 2010.

Македонското научно друштво-Битола, најстарата организација во државата посветена на научно-истражувачката и публицистичка дејност, одбележа 60 години од своето постоење. На централната манифестаија по повод јубилејот синоќа МНД им додели благодарници и признанија на повеќе институции и поединци од градот и државата, членови на Друштвото, поранешни претседатели, истакнати активнисти и други соработници. Исто така, по повод јубилејот е изработена "кристална коцка" со амблемот на МНД, а таква "кристална коцка" беше доделена и на дел од присутните на манифестацијата.

Во чест на јубилејот – 60 години Македонско научно друштво – Битола, излезе од печат најновиот број на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое веќе осум години успешно егзистира во биотопот на современата македонска и светска литература, култура и уметност.

Во рамки на месецот на науката Македонското научно друштво од Битола и Здружението за наука и иновации „Сајанс“ од Велес потпишаа меморандум за соработка, а целта е континуирана размена на информации, размена на публикации од сопствена издавачка дејност, а ќе работат и на заеднички национални и меѓународни проекти

Македонско научно друштво-Битола го издаде најновиот број на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани