АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски" Битола денес во просториите на библиотеката се одржа промоција на книгата "Споменар" од авторката Виолета Лазаревска. Воведен збор за настанот имаше Панде Димитровски, а делото го претстави Глигор Стојковски. Говорејќи за оваа книга тој рече дека авторката со своите автобиографски раскази, на читателите им нуди приказни со необични доживувања и неочекувани пресврти, што лесно се восприемаат, пред се, поради користењето едноставна нарација.
Лазаревска пак, осврнувајќи се на своето дело, подвлече дека преку оваа книга сакала да оживее дел од приказните кои долго време ги носела во себе. На крајот, со видна возбуда и со многу емоции, рече: „Особена радост ми причинува што книгата ја промовираме токму во мојата родна Битола".
Видео материјал од годинешното издание на манифестацијата „Незаборав“ песни за Битола-втро дел, обајвуваме на апла.мк. Концертот се одржа на 16 август во рамките на БитФест 2022, по 12 пат годинава, а настапија познати битолски естрадни уметници со песни за Битола испеани во живо.