Епицентарот на ноќната забава во Битола овој петок (11.08.2023) ќе биде во новиот бар/ центар за настани „Stage bar’’ што ќе се отвори во Старата битолска чаршија на улица „Браќа Мингови“ број 7, одноно кај старото Калдрма, Артикултура, наспроти Аврата. Журката започнува  од 21 часот со DJ LJubisha и DJ Kox .

Младите битолчани кои го отвораат барот имаат за цел старата чаршија да ја вратат на мапата за забавни случувања во Битола. Нивна идеја е „Stage bar“ да работи само со забави во петок и сабота, воглавно си натапи на диџеи со понуда на електронска музика/hiphop и rnb или некој полесен рок и фанк. Во деновите кога барот не работи, односно нема забава, ќе може и да се користи за родендени, настани и секаков вид на прослави. Локалот е опремен клубски, со високи маси.

Овој петок не ја пропуштајте журката во новиот бар и отскокнете од просечната понуда на петочна забава во Битола.

0

Вчерашниот пожар во старата битолска чаршија уште еднаш на мегдан го изваде нашиот сеирџиски менталитет.

Дуќанџии од Старата битолска чаршија и годинава останаа верни на традицијата, па за православниот празник Василица  заедно го вртеа мазникот со паричка. Најсреќен меѓу трговците од улицата „Александар Турунџев“, денеска беше Никола Светиев од фирмата „Профимак“, кој го најде парето во мазникот.

За реконструкција на Булеварот „Први Мај“ од Ленски мост до мостот кај „Хигиена“ остануваат уште триесеттина метри. Просторот заличува на шеталиште и потсетува на старите добри времиња кога покрај реката Драгор на овој потег се движеле исклучило само пешаци, што не беше случај до пред неколку месеци кога помунуваа и возила. И дуќанџиите се задоволни од реконструкцијата на улицата, со надеж дека муштериите ќе имаат подобар и полесен пристап до нивните дуќани. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани