АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дуќанџии од Старата битолска чаршија и годинава останаа верни на традицијата, па за православниот празник Василица заедно го вртеа мазникот со паричка. Најсреќен меѓу трговците од улицата „Александар Турунџев“, денеска беше Никола Светиев од фирмата „Профимак“, кој го најде парето во мазникот.
Оваа улица, која битолчани ја нарекуваат кај синџирот Ат Пазар, некогаш беше позната како улица на ковачите. Иако, дуќнџиите се менуваат, дуќани се отвораат и затвораат, сепак и оние што остануваат и новодојдените не го забораваат овој обичај за Василица кој се негува повеќе од 30 години меѓу дуќанџиите од улицата „Александар Турунџев“