2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Видео снимката за наводна полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи.  Од Хелсиншкиот комитет бараат истрага дали полицијата употребила прекумерна физичка сила ис средства за присилба.

„Имено, на видео снимката се гледа како на 29.3.2022 (вторник), по завршување на ракометниот натпревар помеѓу ракометните клубовите Вардар и Пелистер, припадник на навивачката група Пелистер лежи на земја, додека припадници на полицијата демонстрираат прекумерна физичка сила и средства за присилба врз него, поради што лицето се здобило со телесни повреди. За целото време додека лицето лежи на земја, тоа не дава никаков активен отпор, што значи дека дејствијата на полицијата не се ниту сразмерни, ниту законски.

Ваквото постапување на полициските службеници дополнително ја продлабочува недовербата која граѓаните ја имаат во полицијата, а Северна Македонија континуирано добива и забелешки од страна на меѓународната заедница, како што е Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување кој и во својот последен извештај за нашата држава објавен во мај 2021 година нотира пречекорување на полициските овластувања и употреба на прекумерна сила од страна на полициските службеници за време на приведување, во полициска станица, но и подоцна од страна на затворската полиција.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети.

Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот. Апелираме за овој случај, органите ефективно да ја водат постапката, што е од суштинска важност за навремено да се приберат докази, а особено поради делотворноста на лекарските прегледи и извештаи, веродостојноста на исказите на сведоците и оштетениот итн.

Единствено експедитивното и ефикасното водење на постапки од ваков вид можат да ја вратат довербата на граѓаните во правосудните органи, но и другите заштитни механизми од тортура и нечовечко постапување од страна на полициски службеници“, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

 Фирмата Спорт Бит е новиот сопственик на 75% од акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер, од каде информираат дека следува  стабилизирање и развој на клубот.

Христо Мацанов (1854-1939) бил мајстор за подготовка на чкембе чорба до таа мера што дури и на надгробниот споменик му запишале дека таму почива чкембеџија (шкембежија). На споменикот пишува дека Мацанов бил роден 1854 година во село Косинец, Костурско, Македонија, а починал во Цариград 1939 година. За Мацанов се раскажува дека занаетот го учел во Битола што пак покажува дека битолчани и пред речиси два века биле асли чкембари.

РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на  62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.

Навивачката група  Чкембари од Битола,  побара мнозинските акционери да си ги иполнат  своите обврски кон ФК „Пелистер“,   откако денеска Општина Битола, објави дека клубот е клинички мртови и упати апел најдоцна до утре останатите акционери да си ги платат долговите. Чкемабрите предупредија дека нема да бидат неми набљудувачи на случувањата во ФК „Пелистер„

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани