АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Навивачката група Чкембари од Битола, побара мнозинските акционери да си ги иполнат своите обврски кон ФК „Пелистер“, откако денеска Општина Битола, објави дека клубот е клинички мртови и упати апел најдоцна до утре останатите акционери да си ги платат долговите. Чкемабрите предупредија дека нема да бидат неми набљудувачи на случувањата во ФК „Пелистер„
„Апел!!! Да не се дозволи распад на ФК Пелистер, да не дозволиме да се повтори историјата, од куп победници до второлигаши или пак не дај боже исфрлање на клубот во 4та лига. Општина Битола, ако останатите акционери во клубот не сакаат да си ги исполнат нивните обврски ве охрабруваме истите да си ги побарате по судски пат. Не можи некој да се луксузира и да купува мерцедеси од по 100 000 евра а истовремено да си поигрува со спортската гордост на еден цел град. Исто така сакаме да ве известиме дека Н.Г. Чкембари нема да седи настрана и немо да ги следи овие случувања. Пелистерка, ЗИК Пелагонија, Жито Битола, завршете си ги своите обврски спрема клубот, да не не можите да си ги завршите вашите основни дејности !!!„ напишаа Чкембарите на ФБ профилот.
Од Општината, која е 25 % соптсвеник на ФК „Пелистер’, информираат дека во 2017 година исплатени се сите средства кои со договорот се обврска на Општината, односно се исплатени 130 000 евра. Претседателот на Советот, Валентин Груевски денеска јавно упати апел до мнозинските акционери на ФК Пелистер од Битола да го исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка. После тоа да отпочне правната процедура за преземање на акциите, зошто без платени обврски Општина Битола нема можност да го преземе клубот.