2win800x200

Деновиве замрзнаа Пелистерските очи, Големото и Малото езеро. Иако ова е вообичаена слика за Баба Планина во декември, која е целосно под снег, сепак , само најупорните вљубеници го освојуваат планинскиот убавец во зимските денови.

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен на 8 ноември на Пелистер, во изминатите три недели регистрираше срни, елени, волци, а вчера пред камерите, за првпат застана и мечка, која најверојатно се разбудила од првиот зимски сон.

Битолчанецот Александар Лозановски ѝ предложи брак на својата девојка Софија Крстевска на видиковецот на Пелистер од каде како на дланка се гледа цела Битола. Фотографиите и куса вест за овој романтичен настан беа објавени на интернет страницата на Националниот парк Пелистер. Запросувањето беше навистина романтично. Според објавените фотогрфаии, скалите до видиковецот кој се наоѓа на Историската патека, беа послани со ливчиња од роза. Со исти такви ливчиња беше изцртано срце горе на видиковецот, поточно на местото каде Александар ја побара за жена Софија.46836803 10218554258066976 189261577893969920 n

46749235 10218554258706992 6361838509547847680 n

 

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен минатата недела на Пелистер, утрово регистрираше срна која се шета на првиот снег во Националниот парк.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани