АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола со одлука ја задолжи градоначалничката Петровска да побара од Министерството за животна средина во најбрз можен рок оспособување на мерната станица Битола 2. Предлогот беше на советничката Габриела Илиевска од Поинаку, а советниците едногласно го прифатија.
Советот од дневен ред ги повлече точките за организирање на превозот и измените на тарифникот откако превозниците денес излегоа на протести против измените во цените за првоз на учениците. На почетокот на седницата, на која присуствуваа и превозниците, повлекување на точките предложи претседателот на Советот, Валентин Груевски со образложение дека треба да се остави простор за изнаоѓање на решение кои ќе им одговара и на Општина, и на превозниците, и на учениците. Но, рече дека тоа треба да бидат разумни цени зашто нема да се дозволи превозот до Новаци и назад да чини 400 денари по ученик.
Градоначалничката Наташа Петровска написмено им ги достави одговорите на советниците кои на минатата седница и ги поставија лично до неа за (не)функционирањето и работата на општината.
Петровска им одговорите на прашањата, како ќе се реши проблемот со исклучената струја во блокираните училишта, колкав е реалниот долг на училиштата, што со преговорите за Копанки, каменоломот над Битола, до каде се проектите за гасификација и топлификација, за чистењето на коритото на реката Драгор и слично.
На прашањето на советникот од ПОДЕМ Николче Јанкуловски, дали ќе си поднесе оставка Патровска одговара категорично не.
Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.
Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.
Расправата за извршувањето на кварталниот извештај на буџетот на Општина Битола на денешната седница на Совет падна во сенка, откако независниот советник Иван Чулакоски се обиде да ги изедначи во политичката одговорност и работа бившата и сегашната власт, па почна по име и презиме да ги обвинува дел од советниците од власта и опозицијата за ветеното, а не реализирано.