Време е да се евакуира и последната оставштина на груевизмот во ДПМНЕ!

 
Цела недела се евакуиравме. Денес испадна дека евакуацијата е неуспешна! Што значи, веројатно, не се евакуираме.
 
Ставовите на ДПМНЕ траат не подолго од една недела. Вечна е само нивната битка за моќ, власт, пари! И една друга работа која ќе ја премолчиме во име на остатоците од политичката култура која ДПМНЕ ја урниса. 
 
Како Тиранската платформа, како мигрантите што ќе се доселуваа во Битола, како Никогаш Северна...така ќе помине и оваа приказна на ДПМНЕ. Ќе остане само срамот на она што сега се поставува како ВМРО-ДПМНЕ во Битола!

Заради изведување на градежни работи на изградба на топловодот, ве известуваме дека почнувајќи од утре, 6 декември 2023 година, товарните возила кои сообраќаат по улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) ќе бидат пренасочени од кружниот тек на Дулие кон улица Индустриска, информираат од ДОЕЛ на АД ЕСМ, Топловод Битола

 
Од четврток, 7 декември 2023 година, затворен за сообраќај и за патнички возила ќе биде делот од улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) од крстосницата на мостот со улица 16-та до крстосницата со улица Ѓорче Петров (крстосница кај Нојко аларм).
 
Согласно издаденото одобрение, времениот режим на сообраќај ќе биде на сила до завршување на градежните работи на топловодот во овој дел од Битола. 
 
Паралелно со изградбата на топловодот на улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка), градежни работи се изведуваат на улица Индустриска, улица Студентска и во кругот на поранешната касарна. 
 
 

Екипите на Водовод со цистерна ги снабдуваат граѓаните со чиста вода додека трае зафатот на водоводната мрежа кај Црн Мост

 

ЈП Водовод известува дека во текот на утрешниот ден 06.09.2023 ( среда), поради изведување на завршни активности од проектот Драгорска - профил 1А и 1Б, односно оформување на два водоводни јазли,  со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од:

-ул. Охридска (од кружниот тек кај Педагошка па до Црн Мост) и населбите 

- Бадембалари и Баир
- улиците над ул.Илинденска се до О. У. Тодор Ангелевски.
 
Прекинот ќе трае од 8ч. до завршување со активностите.
 
FB IMG 1693926234554
 
 
FB IMG 1693926240880
 
Страница 1 од 9

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани