ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири невистини и манипулираат со народот а зголемената цена на превозот ќе трае додека трае кризата, велат од оваа партија.
Во продолжение прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Битола
Во услови кога функционерите на оваа политичка партија која ја има централната власт, не се обидуваат да направат ништо што ќе ги промени условите и ќе ги намали последиците од економската и енергетската криза, насочени се кон грубо дезинформирање на граѓаните.
Токму и покачената цена на автобускиот превоз за која зборуваат, на барање на ВМРО ДПМНЕ ќе трае до периодот додека трае кризата со која неспособната власт на СДС речиси и воопшто не се справува..
Наместо неосновано да обвинуваат, добро е да признаат, дека за првпат локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ, воведува бесплатен превоз за пензионерите, но и одржување на возниот ред во недела.
Вашите манипулации повеќе не поминуваат. Граѓаните избраа промени, а промените на подобро веќе се случуваат, се наведува во прес конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ