2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Мавровски: ВМРО-ДПМНЕ вработуваше во културни институции без притисоци и без разлика на политичка припадност

Март 31, 2022

На вчерашната прес конференција на Софија Ристевска од  комисијата за култура на ОО на СДСМ Битола, денеска одгвори Васко Мавровски член на комисија за култура ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. интегрално ја пренсуваме неговата изјава

 

Во вашето обраќање до јавноста поврзано со културата повторно се вративте во минатото бидејќи сегашноста во која живееме не ви дава за право да се пофалите со реализација на ниту еден капитален објект или реализирана инвестиција во нов културен проект.

 Бидејќи милувате во секоја прилика да зборувате за проектот Скопје 2014 и тешкиот живот на уметниците во време на „режимот“ само да ве потсетам дека токму вие сте соучесници во истиот, бидејќи вие почитувани, ја ослободивте од одговорност министерката за култура Канческа Милевска со политички договор а таа гласаше за промената на уставното име Република Македонија кое и те како го раздрма македонскиот национален и културен идентитет. Тука заврши вашата грижа за потрошените пари за Скопје 2014.
 За разлика од вас ВМРО-ДПМНЕ вработуваше низ сите културни институции во државата без никакви притисоци и без разлика на политичка припадност, доказ за тоа се тројцата директори на национални институции од културата во Битола ваши истакнати членови, вработени од “диктаторот” Груевски.
 Зборувате за покачување на платата од 120% но притоа не кажувате дека последните четири години вашата грижлива влада цените ги зголеми за 250%, зборувате за колективен договор кој не го признавате и го оспорувате а манипулациите со наводната борба за уметниците од ваша страна народот ги препозна и жестоко ги казни на локалните избори.
 Се прашувам зошто во вчерашниот прес не ја споменавте новата културна институција која ја создадовте во Битола благодарение на локалниот огранок на СДС и културните работници членови на истиот, станува збор за Јавната општинска установа „Културен и информативен центар“ одговорот на ова прашање веројатно се содржи во следните прашања на кои јавно ве повикувам да одговорите:
Кој и зошто спротивно од законската регулатива на буџетска установа дозволи наместо буџетска сметка да се отвори сметка во приватна банка? 
Зошто и покрај ова сторено кривично дело општината на истата сметка префрлила 1.000.000 денари? 
Зошто пет месеци потоа КИЦ го оставаат со блокирана сметка и без реализација на ниту еден проект? 
Дали СДС на овој начин се грижи за културата во Битола или и ова беше уште еден лицемерен проект кој служеше за предизборната кампања? 
Зошто комисијата за култура на ОО СДС иако знаеле за сите нерегуларности, молчеле?
 Културата во Битола преживеала огромни падови со ваша помош, рушење на стариот театар, финансиска криза со аферата ТАТ, претварање на кино сали во магацини и дискотеки, преименување на националниот интерес во јавен интерес, бришење на македонската колективна меморија, смешни инвестиции во установите итн.
 Колку и да сакате вашиот неуспех односно неспособност да ја менаџирате културата, да го прикриете со актуелните светски случувања и ковид пандемијата, на македонскиот народ одамна му е кристално јасно дека најголемото зло на културата и културните работници во Македонија се владите предводени од СДС.
 ВМРО-ДПМНЕ било и во иднина ќе биде чуварот на македонското материјално и духовно богатство и македонскиот културен идентитет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани