2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кромидаровска од СДСМ: Минаа шест месеци од мандатот на Коњановски, нема ниту еден реализиран проект

Мај 11, 2022
 
 
-Првите шест месеци од мандатот на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски се загубени месеци за Битола и битолчани. Ниту еден реализиран проект, ниту едно исполнето изборно ветување, изјави на прес конференција Елена Кромидаровска, советник во Општина Битола од  СДСМ
 
Поминаа шест месеци, а нема нови инвестиции и нови работни места, нема нови кружни текови, нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов спортски комплекс. Нема уште еден куп ветувања на Коњановски кои отсега е јасно дека ќе останат само на хартија.
 
Коњановски и ВМРО – ДПМНЕ за шест месеци единствено успеаа да вработат партиски членови во општината, да вдомат партиски војници во управни и надзорни одбори на претпријатијата, да усреќат активисти и симпатизери со нови функции.  
Битолчани, пак, за шест месеци власт на ДПМНЕ и Коњановски добија поскапо такси, поскап автобуски превоз, со месеци ископани улици, рече меѓудругото Кромидаровска.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани