АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
После денешното кусо невреме во Битола и обилните врнежи од дожд, поголем дел од улиците беа под вода. СДСМ ја праша локалната власт колку време и треба да ги среди шахтите.
-Во центарот на градот, на периферијата, пред општина ...Сликата секаде е иста после секој дожд во Битола. Затнати шахти, затната атмосферска канализација, нефункционално јавно претпријатие Нискоградба, нефункционална општина! Колку време му треба на Коњановски да ги среди шахтите низ градот оти десет месец е веќе градоначалник на Битола!?, прашуваат од СДСМ