2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наумовска од СДСМ: Пеце Милевски да поднесе оставка, а Обвинителството да поведе постапка за кривична одговорност

Февруари 08, 2023

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советничка во Советот на Општина Битола



 

 

Старите велат лага до лага. А, резултатот од ревизорскиот извештај укажува: Пеце Милевски е фатен со рацете во медот.

 

Сомнежите што СДСМ уште пред три месеци јавно ги упати на адреса на директорот на Водовод, Пеце Милевски дека ја злоупотребил функцијата се потврдија.

 

Имено, пред  органите на претпријатието, без да каже зошто и со која цел, Милевски патувал со службеното возило во Грција и во Косово за приватни цели.

 

И за резервните делови за службеното возило имавме право кога се сомневавме дека се набавувани за да се прикријат сомнителни движења на Милевски. Според ревизорскиот извештај, одговорните лица во Водовод не знаат зошто се набавувани резервните  делови. 

 

Наводите од извештајот се повик и до обвинителството да поведе постапка за кривична одговорност на Пеце Милевски за злоупотреба на функцијата директор на ЈП Водовод.

 

Првиот човек на ДПМНЕ во Битола е сликата на партијата. Злоупотреби, финансиски и материјални малверзации, прикривањата се одлика на функционерите на ДПМНЕ.

 

 А, пред нас се уште три години од мандатот на локалната власт со која ќе раководи ДПМНЕ, па се поставува прашањето дали планот на ДПМНЕ е реприза од нивното владеење од времето на Двојче со Битола!

 

Го прашуваме градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски  зошто и после овај ревизорски извештај молчи за разрешување на директорот на ЈП Водовод што отвара сомнеж за одобрување на незаконското трошење на парите на граѓаните.

 

Затоа јавно го повикуваме Пеце Милевски веднаш да си поднесе оставка од функцијата директор на ЈП Водовод!

 

Одговорност мора да има!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани