2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Ако Павловска и градоначалникот лажат, документите кои Коњановски ги потпишува не лажат-О денари за битолското средно образование

Март 31, 2023

Реакцијата на  СДСМ Битола на изјавата на советничката Лидија Павловска.

 

 

Жално е што советничката од ДПМНЕ, Лидија Павловска не разбира што е основен буџет на општината, а што се дотации од Буџетот на државата и Владата предводена од СДСМ. Советничката само потврди дека минатата година градоначалникот Тони Коњановски не одвоил ниту денар од општинскиот буџет за средните училишта, а ДПМНЕ како влог ги смета парите трансферирани преку дотации од Владата предводена од СДСМ која секој ден ја критикува.

Ако советничката Павловска, а со тоа градоначалникот лажат, документите кои Коњановски ги потпишува не лажат. Во извештајот за четвртиот квартал во 2022 година на страна 66 во програмата Н2 - Средно образование, стои 0 (нула) денари од општинскиот буџет. На страна 68 од истиот извештај за средно образование - капитални расходи за средно образование, програма НБ, повторно е 0 (нула) денари од општинскиот буџет.

Толку вложи лани Општина Битола во средните училишта, советничке Лидија Павловска. 0 (нула) денари.

 

На 14 август 2022 година, реагиравме на изјава од советничката Лидија Павловска. Тогаш Павловска сакаше да ги оцрни директорите на училиштата назначени од СДСМ кои ДПМНЕ по освојувањето на локалната власт во Битола никако не можеше да ги разреши. Ја потсетивме и Лидија Павловска и јавноста дека нема никаков кредибилитет да зборува за образованието со оглед на резултатите од нејзиното работење. Имено, на 31 декември 2017 година ОУ "Коле Канински" каде Лидија Павловска дотогаш беше директорка, должеше 11.956.579 денари кон добавувачи и 16.161.619 денари кон општината врз основа на цесии или вкупно 28.118.198 денари. Повторуваме, на крајот на 2017 година, кога Лидија Павловска го напушти директорското место во ОУ Коле Канински, училиштето должеше точно 457.206 евра. Овој долг беше последица на нејзиното работење.

Секој човек со вакви “резултати” во работењето и малку достоинство и самопочит, не би се дрзнал по втор пат да “соли памет” за состојбите во образованието во Битола. Но, советничката Лидија Павловска и поранешна директорка на ОУ Коле Канински која го остави училиштето во долг од скоро половина милион евра, очигледно нема образ.

Срамно е, градоначалниче Коњановски, вакви кадри, како Лидија Павловска, кои рамо до рамо учествуваа во уништувањето на Битола со вашиот партиски другар Владимир Талески, да Ве бранат на пресови, со измислици кои се многу лесно проверливи. A, за Битола е трагично и по толку години истите фаци од ДПМНЕ, со долги и сомнителни опашки, да зборуваат за чесност и за домаќинско работење. А, ветувавте градоначалниче Коњановски нови лица, нова иднина. Засрамете се!!!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани