АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрално го пренесуваме соопштението на Општина Битола:
„Општина Битола, во целост ги демантира денешните невистини, изнесени во соопштението на политичката партија СДСМ.
Општината за првпат оваа година во креирањето на Програмата за култура ги вклучи граѓаните и културните уметници, преку објава на анкета и јавни повици со кои целта беше да се сублимираат најдобрите културни понуди и да се одговори на предлозите и сугестиите кои ги имаа жителите на општина Битола, за креирање на квалитетна културна понуда за Битолското културно лето.
Големиот интерес и пристигнатите вкупно 250 апликации, во различните области од јавниот повик кој траеше од 25.10.2022 до 21.11.2022, бараа посветеност во евалуацијата со цел изработка на соодветна културна понуда, која ќе го следи новиот концепт, воспоставен од оваа локална самоуправа и широко прифатен од граѓаните и уметниците. Истиот минатата година, овозможи културна понуда на која професионализмот беше особено истакнат, а младите културни уметници и други уметности, добија можност низ офф програма да се претстават пред битолчани и гостите од странство, кои ги имаше во голем број на сите настани.
Општина Битола, првпат во досегашното работење, јавно и транспарентно на веб страната ги објави резултатите од сите спроведени јавни повици, вклучувајќи ја и Програмата за култура.
Процесот на работа, предвидува измени и дополнувања на различни програми, каде што се вбројува и Програмата за култура на општина Битола, донесена во декември минатата година и каде по завршувањето на процесот на квалитативна евалуација, се покажа дека културните уметници заслужуваат многу поголема поддршка од планираната. Измени на програмите и ребаланс на буџетот се начини на работа кои се во согласност со законите и се применувале во изминатиот период.
Ниту една политичка партија не смее да врши сквернавење на културата и културните уметници, со зборовите „Битфест беше и остана пералница за пари“ како што деновиве низ партиски соопштенија на СДСМ се нарекува фестивалот каде настапувале значајни имиња од културата, кои благодарение на нивниот ентузијазам, професионализам и креативност, настапувале на БИТ ФЕСТ и за тоа добиле соодветен финансиски надомест.
Општина Битола, апелира до сите политички партии, да ја остават политиката надвор од културата, затоа што Битола мора да продолжи културно да се развива и да напредува.
Општина Битола