2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: "Општината, тоа е Коњановски"

Јуни 14, 2023

Реакција на СДСМ на соопштението на Општина Битола

Почитувани од “Општина” Битола,
 
Зачудени сме од вашиот пристап кон соопштенијата на СДСМ во врска со трошењето на парите од буџетот за култура и барањето со ребалансот да се зголемат капиталните расходи.
 
Нејасно е што демантирате. Дали демантирате дека Коњановски погрешно ги проценил не само парите за програмата за култура, туку има проблеми и во други ставки од тековните расходи? Или демантирате дека предвреме ги потрошил? Или и двете?  Демантирате дека веќе седум месеци Коњановски се крие и не одговара на прашањето на нашите советници: Каде и за што ги потрошил парите за културни настани во 2022 година?
 
Или, пак, конечно го прифаќате ставот на СДСМ дека со секој ребаланс, Коњановски ги намалува капиталните расходи.
 
Никогаш не реагирате како “Општина” на соопштенијата и прес конференции на ДПМНЕ кога ја напаѓаат претходната локална самоуправа предводена од СДСМ, иако вам од “општинатa” најдиректно ви е познат одговорниот однос кон трошењето и планирањето на општинскиот буџет за периодот од 2017 –  2021 година. Со тоа покажувате дека ја партизирате битолската општина и ја ставате во функција на ДПМНЕ.
 
Вам не ви смета ни кога советници од ДПМНЕ директно ги вплеткуваат врвните уметници во политички контекст.
 
Вам во “Општинатa” не ви смета кога се намалуваат капиталните расходи, а се зголемуваат ставките за разни трансфери и договорни услуги, што би се рекло за шетање и договори во четири очи.
 
Ама, затоа ви пречи кога СДСМ бара од Коњановски да даде отчет за потрошените пари од буџетот и тоа го сметате за мешање на политиката во културата и спречување на планирање на буџетот.
 
Почитувани од  “Општина”,
 
Вашето ширење небулози нема да нѐ спречи во барањето отчет и одговорност на Коњановски за трошењето на секој денар од буџетот.
 
Во минатото СДСМ покажа дека се грижи за секој денар во општинската каса, се грижи  и за матријалното и за духовното кога е во прашање културата во Битола, без да му даде било каков политички призвук, и енергично ќе се спротивставува на партизација на културата и на расипничкиот однос кон парите на граѓаните што го имаат градоначалникот и неговата клика.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани