Интегрален текст од реакцијата на СДСМ Битола на демантоt на Елена Мирчевска, директор на Зоолошката градина во Битола. Предупредуваме дека меѓу фотографиите што ги објави СДСМ има и вознемирувачка од угинато животно во ЗОО градината
Директорката на Зоолошката градина, Елена Мирчевска да одговори конкретно и концизно на нашите прашања, а не да раскажува приказни во писанија кои ги нарекува демант
Како вршител на јавна функција, Мирчевска е платена со пари на граѓаните и нема потреба нервозно да реагира кога јавноста од неа бара отчет.
Бидејќи во петокот не добивме одговори, денес повторно ја прашуваме Мирчевска:
- Колку животни во Зоолошката градина угинаа откако е назначена на функцијата?
- Колку нови животни има набавено во Зоолошката градина?
- Колку пари има добиено од Општина Битола годинава и на што ги потроши?
- Дали има изградено нешто ново во Зоолошката градина?
- Кога и колкави количини на храна има набавено или животни угинуваат од изгладнетост?
- Дали ЗОО барот ќе го издава за 100 евра месечно како што одлучи Управниот одбор на установата или за 2.500 денари месечно како што таа договорила на своја рака?
Директорката на Зоолошката градина не треба да се плаши од соочување со вистината, дури и кога нејзините одговори нема да бидат само предмет на потсмев, туку и на соодветни постапки од надлежни државни органи.
СДСМ не предупредува, како што вели Мирчевска, дека во Зоолошката градина се случува крајот на светот, туку почетокот на крајот на установата која е единствена од овој вид во поширокиот регион. И секако, на крајот на нејзиниот мандат како директорка!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вознемирувачка фотографија од угинато животно во ЗОО Битола!