АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, Зоран Илиоски, вети дека доколку го добие мандатот од граѓаните ќе им ги отпише долговите од комуналната сфера на социјално загрозените категории битолчани.
-За социјално загрозените граѓани по конститурирањето на Советот ќе предложам мерка за отпис на долгови од комуналната сфера, кои се под директна надлежност на општината, долгови за вода, ѓубре и канализација и со која ќе бидат опфатени социјално загрозени семејства. Таа мерка ќе биде направена од страна на Комисија која ќе биде оформена од страна на општината заедно со комуналните претпријатија и врз основа на јасно дефинирани критериуми- рече Илиоски.