АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ
СДСМ повторно со обид за манипулација на Битолската јавност во која го обвинува градоначалникот Тони Коњановски за рекреативната зона Тумбе Кафе – Смолево.
Почитувани од СДС,
Уште во првата година од мандатот на градоначалникот Тони Коњановски и ВМРО ДПМНЕ со раководење на локалната самоуправа е направен проект за рекреативната зона Тумбе Кафе – Смолево и издвоени се средства во буџетот на општина Битола во висина од 6.2 милиони денари.
Во интерес на објективно инфмирање на јавноста проектот е аплициран во Министерството за локална самоуправа во рамките на програмата за рамномерен регионален развој и истиот е позитивно оценет и единствено само се чека одлука од националниот совет во владата со која раководи кадарот на СДС вицепремиерот Битиќи.
Повеќе од 6 месеци вицепремиерот Битиќи нема свикано седница на националниот совет за регионален развој со цел средствата да бидат доделени и со тоа да отпочне реализацијата на проектот за изградба на рекреативната зона Тумбе Кафе – Смолево.
Само за потсетување вакви седници на националниот совет никогаш досега не биле толку време незакажани односно истите средства се доделувале најдоцна до месец мај во тековната година.
Почитувани граѓани, вака работи односно ништо не работи владата на СДС со смислени оптрукции и кочења за општините каде локална власт е ВМРО ДПМНЕ.
Со ваквите опстукции и кочења владата на СДС која е во заминување ги казнува и граѓаните во општините кои имаат градоначалници од ВМРО ДПМНЕ.
Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги повикаме од Владата веднаш да закажат седница на националниот совет за регионален развој и да ги доделат средствата кои согласно закон им следуваат на планските региони и општините кои се крајни корисници.