2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО ДПМНЕ: Небулозна ви е прес конференцијата, за основните тековни обврски на Владата зборувате како за научно откритие на НАСА

Ноември 07, 2023

 

Текст од Прес конференција на Марица Тодоровска од ВМРО ДПМНЕ

Почитувани од СДС, понебулозна прес-конференција до сега не сте успеале да смислите и во недостиг на идеја за основните тековни обврски на Владата, простор прецизно уреден со законски одредби зборувате како да е тоа научно откритие на НАСА.

 
Да, издвојува Владата 25.584.000 за основно 13.500.000 за средно образование 1.119.000 за Зоолошката градина, 4.951.247 за градинките 681.444 за Сју Рајдер и 2.627.000 за Противпожарната станица или прецизно 48 милиони 462 691, а не 50 милиони како што велите. Ако овие бројки се некаков факт за прес конференција и значат некакво владино достигнување тогаш примете честитки за инвентивноста односно веднаш потоа Владата нека се самораспушти!
 
Само за да биде појасно за вас, почитувани граѓани во оваа прилика ве информираме дека општина Битола од буџетот издвојува 9.200.000 предвидени за регрес за годишен одмор во основното образование, планирани се средства за материјални трошоци, исто така, за основното образование 41.568.000, така што заедно со средствата за регресот и дополнително издвоените средства за превоз изнесуваат вкупно  52.768.000 денари од буџетот на општината.
 
И во Противпожарната станица оваа година предвидуваме дополнителни средства за плати и регрес за годишен одмор во износ од 9.844.109 денари.
 
Во Зоолошката градина, заради недостиг на средствата од наменската и блок дотација од буџетот на општината за материјални средства издвојуваме 2.300.000 денари за храна на животните, комунални трошоци и тековно одржување. Значи станува збор за вкупно 64 милиони 912 илјади и 109 денари.
Никогаш овие бројки не сме ги сметале за причина за прес конференција, туку сме во постојан напор како локална власт да обезбедиме во рамките на нашите буџетски можности што поголеми средства и поголема поддршка секаде каде што е потребно, односно онаму каде што недостигаат средствата кои според закон ги издвојува Владата.
 
На крајот, очигледно е почитувани граѓани, ако подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е основна цел на Владата на СДС, според тоа како живееме и со што секојдневно се соочуваме има само еден логичен заклучок. 
Тој логичен заклучок е дека Владата на СДС комплетно ја утнала својата основна цел, а сега пред заминување невозможно е и нешто да поправи.
Важно е да си заминат, а за подобрувањето на животниот стандард треба да се работи професионално, посветено, визионерски, без криминални скандали секој ден и без корупција!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани