Текст од прес конференција на Ивона Трифунов од СДСМ
Продолжува силната поддршка за Битола од страна на Владата предводена од СДСМ и Премиерот Димитар Ковачевски
Зголемени се дотациите во буџетот на Општина Битола за дополнителни 50 милиони денари или над 800.000 евра
- Над 25 милиони денари за повисоки плати и регрес за годишен одмор во основното образование
- За плати на професорите во битолските средни училишта, како и за регрес за годишен одмор 13 и пол милиони денари
За вработените во детските градинки Естреа Овадија Мара и Мајски цвет владата ослободува 4.951.247 денари за плати и регрес за годишен одмор
Битолските пожарникари добиваат над 2 и пол милиони денари за плата
За исплата на регресот за годишен одмор на вработените во Старскиот дом предвидени се 681.444 денари
1.119.000 денари се планирани за материјални трошоци во Зоолошката градина
Подобрување на животниот стандард на граѓаните е основна цел на Владата предводена од СДСМ