АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од прес конференцијата на Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ:
„Денес во очи на посетата на претседателот на СДС советниците од СДС со замајување на јавноста сакаат да ги покријат сите ветувања кои ги дадоа но не ги реализираа во овие 4 години централна власт. Неуспешен е спинот на СДС дека сметките за вода и канализација ќе поскапат поради директорите кои раководат со ЈП. Дури и врапчињата на гранките знаат дека регулаторната комисија за енергетика ја одредува цената на водата.
Со регулаторната комисија за енергетика раководат лица кои се партиски кадри на СДС кои освен партиските задолженија ништо друго не спроведуваат.
Исто така граѓаните треба да знаат дека со Одлука на Владата на СДС цената на водата на ЈП Стрежево ја поскапија за 20%. Дали Ковачевски е запознат со оваа одлука?
Сведоци бевме дека во изминатиот период поради неуспешните екомомски политики на владата на СДС, Македонија беше зафатена од екомомско цунами со незапамтена двоцифрена инфлација и енормно високи цени на електричната енергија. Уште еднаш да повториме дека ниту директорите ниту советот не ја утврдуваат висина на цената на водата.
Цената на водата се утврдува врз основа ЗАКОН ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНИ НА ВОДНИТE УСЛУГИ.
Крајно несериозно и потценувачко е да ја вреѓате интелегенцијата на граѓаните и да собирате ситни политички поени кога во 2018 година советниците од СДС гласаа ЗА поскапување на цената на комуналните услуги“.