2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Гасификцијата ќе биде клучен проект на локалната власт, најави Петровска

Октомври 12, 2017

Гасификација на Битола, ќе биде клучниот проект на локалната власт, најави  денеска на прес конференција, Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ. Овој проект е од исклучително значење од два аспекти, еколошки и економски, посочи Петровска

-Со употребата на гасот како алтернативно гориво за затоплување на институциите и домовите на нашите сограѓани, значително ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух. Конечно ќе исчезнат зимските смогови во нашиот град. Економксиот бенефит и заштетдата, корисниците веднаш ќе ја почувствуваат. На пример, ОУ „Елпида Караманди“, на крајот од 2016 година имаше 7 милиони денари долг и блокирана сметка. Со гасификацијата, уште во првата фаза ќе им овозможиме на училиштата да остварат финансиски заштеди  за греење и со тоа ќе им помогнеме да ги санираат своите енормни долгови, рече Петровска   на денешната прес конференција.

Таа посочи дека процесот  на изградба на гасоводната дистрибутивна градска мрежа ќе се одива на следниот начин: изработка на физибилити студија и проектна докумнетација, формирање на јавно претпријатие за енергетски дејности, изградба на гасоводни линии, мерни регулаторни стници и преадаптација на котларниците за затоплување, дистрибуција на природниот гас од гасоводниот систем воспоставен од РМ. Финансирањето на проектот ќе се реализира со средства од општина Битола, од државниот буџет и ИПА фоиндовите.

 

Подобрување на инфраструктурата во старата индустриска зона

Во контактите со стопанствениците од градот воочивме дека сите го имаат истиот проблем, а тоа е лошата инфраструктура за која била должна општината да ја решава во изминатиот период како би ги подобрила условите за нивна работа и би отворила шанса и перспектива за нашите сограѓани, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.

-Решавањето на Индустрискиот пат не е значајно само за стопанстваниците и за нашиот економски бенефит и отворање на перспектива за вработување на нашите граѓани, туку е и од значање зашто овозможува голем дел од транспортните возила кои влегуваат во централното градско подрачје да имаат можност да го користат овој пат и на тој начин да се растовари сообраќајот низ центарот- рече Петровска.

Таа вети дека и во иднина ќе соработуваат и ќе имаат слух за проблемите на стопанствениците од градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани