Webp.net gifmaker

Без долгови и со консолидирана екипа РК „Пелистер“ влегува во новата сезона

Септември 17, 2018

Ракометниот клуб „Пелистер“ отвора нова страница во своето работење. Исплатени се сите долгови на клубот кон добавувачите, а исто така исплатени се и обврските кон играчите, екипта е консолидирана, со што се создаваат нови можности и перспективи, објавија денеска од управта на РК „Пелистер“.

-Сакам со гордост да кажам дека за првпат од деведесетите години наваму РК „Пелистер“ - Битола има позитивно салдо и нема долгови кон ниту еден добавувач. Во изминатите месеци вратени се обврските од 200 илјади евра, кои беа заостанати од 2013 година наваму. Исто така, сите ракометари, стручниот штаб и останатаите лица се испалтени до последен денар, а исплатена е и платата за август на ракометарите. Навреме ќе биде исплатена и септемвриската плата, рече Борче Корлевски, технички директор на РК „Пелистер“

Исто така, за новата сезона, набавена е и нова опрема за ракометарите на РК „Пелистер“.

-Покрај реновирањето на клупските простории, ги реновиравме и помошните простории во спортската сала, соблекувалните, просториите за судиите итн. Во оваа сезона РК Пелистер набави нова опрема „Кемпа“, и во текот на целата сезона ќе го носи овој бренд на спортска опрема. Кога оваа управа го презеде клубот, немаше ниту топки за тренинг, изави Корлевски.

topka3

Токму финансиските проблеми беа причина што РК  „Пелистер“ имаше проблем да создаде квалитетна екипа.

-Почнуваме да градиме еден нов имиџ на „Пелистер“, кој претходно го немаше, а токму затоа имавме проблеми со играчите, односно не можевме да преговааме, затоа што се зборуваше за тоа дека „Пелистер“ има долгови, има борџ кон играчите, поради што не можевме да составиме екипа каква што ни треба. Но сега финансиската состојба се стабилизира рече Златко Дмитровски, спортски директор на РК „Пелистер“.

zlatko2

Во пресрет на градското ракометно дерби меѓу „Пелистер“ и “Еурофарм Работник“, кој ќе се одигра утре во 18,30, од упаравта најавија празник за ракометот

-Не беше едноставна работа да се состави екипата на РК „Пелистер“, знаете дека доста играчи го напуштија клубот. За краток временски период требаше да се сотави сосема нова екипа, имаше некои проблеми, но полека се консолидираме. Подготовките ги минавме го голем дел во Битола, а најзначајни ни беа натпреварите на турнирот во чесет на Боро Чурлевски каде учесвуваа серизни екипи и тоа ни беше една проверка. Екипата сега е многу покавлитетна, целта е постепено да растеме, а со нетрпение го очекуваме првиот натпревар со „Еурофарм Работник и се надевам дека битолската јавност ќе има можност да гледа добар ракомет“, рече тренерот Томче Петрески

 

Од РК „Пелистер“, за утрешниот прв натпревар,  побара подршка од публиката  како нивни осми играч.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани