АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Сакам за јавноста, публиката да е јасно дека ние не го избркваме Стевче Алушовски, тој самиот си замина, а од кои прични, не знам. Седнавме да разговараме со него, тој побара да донесеме тројца играчи, ние обезбедивме двајца од нив, додека третиот веќе имаше потпишано договор за странски клуб. Тој замина, а наша цел беше да имаме соработка. Тогаш се најдовме во навистина тешка состојба, затоа што ретко може да се најде тренер да ја преземе екипата. После Алушовски, за тренер го назначивме Борче Марковски, а после поразот, како што е познато, Марковски си поднесе оставка, кој не можеше да го издржи притисокот од јавноста и публиката, рече Златко Димитровски, спортски директор на РК „Пелистер“.
Тој јавно му се заблагодари на новиот тренер Томче Петрески, кој познавајќи го ризикот, го презеде РК „Пелистер“ во тешка ситуација.
-Вака се покажува колку се сака клубот. Во „Пелистер“ има играчи кои остануваат лојални на клубот. „Пелистер“ ќе ја преброди оваа криза, ќе активираме и други тренери за младинските школи, кои ги молам за трпение. Ќе направиме клуб каков што сите сакаме и каков што заслужува да биде, додаде Димитровски.