2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Здружението со став да не се зголеми цената на билетот во градски превоз повеќе од 10 денари за пензионерите

Март 22, 2019

Извршниот одбор на Здужението на пензионери од Битола под претседателство нa Tоме Димитровски одржа седница на која се расправаше за склучување на договор со превозниците за патување во градскиот автобуски превоз и екскурзии низ земјава. Се зазеде став цената на билетот за градскиот превоз да не извесува повеќе од 10 денари, а низ земјава да не биде повеќе од 50 денари. Сегашниот билет изнесува 20 денари, а Здужението е со став пензионерите да плаќаат по десет денари и уште толку да субвенционира за нив Здружението. За таа цел в вторник ќе треба да се одржи уште еден состанок со битолските превозници и да се дефинира договорот што ќе биде склучен.

 

Извршниот одбор донесе одлука за пензионерите да можат услуги за крвни анализи да добиваат во лабораторијата во Клиничката болница во Битола. Ќе треба да се прецизираат деновите кога пензионерите ќе можат по потреба да вршат анализи.

Се донесе и одлука на Интерното одделение при Клиничката болница во Битоа по повод 7 април, Денот на здравството, да се даде донација во постелини. Хуманитарна помош ќе добие и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор за организирање меѓународна конференција од 16 до 18 мај во Битола по повод 70 годишнината од Заводот.

Воедно, беше одлучено на Регионалната ревија што на 18 април ќе се одржи во Прилеп, битолските пензионери да ги претставува „Сирма војвода“. Победникот ќе учествува на државната манифестација.GETGEG

thumbnail

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани