АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалната власт и СДСМ дека во опозиција и во предизборната кампања ветувале обнова на планиарскиот дом „Копанки“, но не преку одземање на неговата сопственост од ПСК „Пелистер“.
-Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом „Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК „Пелистер“ врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
Тој рече дека членовите на ПСК „Пелистер“ не се членови на политички партии, туку планинари и побара одговори на прашања за кои како што рече битолчани го знаат одговорот.
- Дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на "Копанки" од страна на ПСК Пелистер? Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер? Дали крајната цел е приграбување на "Копанки" од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт, праша Тошевски.
На прашање зошто планинарскиот дом не беше реконструиран по неговото опожарување во 2013 година и легализацијата на објектот во 2015 година иако за тоа имаше ветувања, Тошевски рече „зборуваме за правни процедури кои во минатото требало да се испочитуваат“.