АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски денеска беше на увид на градежните работи на планинарскиот дом Копанки. Градбата напредува.
-Денес заедно со секретарот, директорот на ЕСМ Молика Дооел Битола и претседателот на Пск Пелистер извршивме увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки кои влегуваат во финалната фаза. Во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив. Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на кровот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето. Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом Копанки, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со Пск Пелистер Битола, објави Коњановски.