АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола ќе го побара во владение и во најбрз можен рок ќе го обнови планианрскиот дом „Копанки“, рече денеска на прес конференција советникот од СДСМ, Методија Иииевски.
-Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер. По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение. Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиот дом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот, рече Илиевски.
Иливески рече дека Здружение на граѓани може да биде само закупец на државен имот, а тврди дека некој сакал да го приграби планинарскиот дом на штета на сите граѓани.
-Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности. Ова е во директна спротиставеност со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом Копанки бил и морал да остане во државна сопственост. Здружение на граѓани може да биде само закупец на овојимот, што било и случај до критичниот 10.11.2016 година кога со помош на тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ, незаконски, преку ноќ, планинарскиот дом Копанки станал приватна сермија на неколку поединци, посочи советникот Методија Илиевски на денешната прес конференција, додавајќи дека Копанки ќе остане на сите граѓани и нема да се приватизира.
-Битолската јавност многу добро знае дека претседателотна ПСК Пелистер е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник во општина Битола во периодот 2009-2013. Само овој факт е доволен доказ за тоа дека со политички игри планинарскиотдом Копанки некој сакал да го приграби, на штета на граѓаните. Се обврзуваме Копанки да го изградиме, да го обновиме, да биде планинарски дом кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени. Конечно, планинарскиотдом Копанки ќе им го вратиме на Битолчани, рече Илиевски .