ВМРО-ДПМНЕ: Нема субвенции за земјодeлците, а мерката „зелена нафта“ е популистичка и смешна

Август 10, 2019

ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференција обвини дека актуелната власт си поигрува со македонските земјодлеци, затоа што, тврдата дека не им се исплатени субвенции за сите категории, додека пак мерката „зелена нафта“ за опозицијата е популистичка.

-Со последното задолжување кое го направи оваа Влада, земјодлеците добија надеж дека конечено ќе се најде решение за нивниот проблем и ќе ги добијат неисплатените субвенции кои повеќе од 18 месеци Владата на Зоран Заев им ги должи.  Безуспешно се обидуваат да го отргнат вниманието на граѓаните со мерката „зелена нафта“ која е крајно популистичка и со која на земјоделците им се нуди смешна дури и навредлива пресметка од 750 денари гориво за површина од 1 хектар. На повеќе од 2000 земјоделци од Пелагониксиот регион не им се исплатени субвенции за сите категории. Ниту еден денар не е исплатен ниту за предаденото млеко од ветените средства кои им следуваат. Со овој несериозен и игнорантски однос, власта ги доведува земјоделците на работа на егзистенција. Некој треба да понесе одгворност за ваквата сосотојба, рече Иле Кочишки, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани