2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ најавува засилена градежна сезона во Пелагонискиот Регион

Мај 06, 2020

 Засилена градежна сезона со  рехабилитација на патната инфраструктура  најавува  СДСМ 

-После 4, 5 децении, граѓаните од овој регион ќе добијат 15 км рехабилитиран патен правец Битола-Тополчани-Прилеп, кој и тоа како ќе биде од голема корист.
На регионалниот пат, делница Прилеп–Тополчани– Битола,  рехабилитарни се 15, 5 км во должина, 6 метри во ширина, односно со проширување во кривина и до 8 метри и со обезбедена банкина. Асфалтирањето е веќе завршено, исто така и сигнализацијата, а деновиве се местат последните 600 метри еластична ограда, изјави Емилија Костурски, член на Советот  на Општина Битола 


Во текот на овој и следниот месец ќе бидат објавени тендери за рехабилитација на неколку патни правци во регионот меѓу кои Битола–Демир Хисар, Крушево–Демир Хисар и Битола-Меџитлија.


-Интензивно работиме на проектите кои ги ветивме пред граѓаните. Реализацијата на капиталните проекти е од огромно значење за развојот на Пелагонскиот Регион, особено во овие услови кога се бориме со здравствената криза и се справуваме со економските последици кои ги носи“ рече Костурски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани