2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Илиевски-Битолското образование на здрави нозе, вложивме 3,4 милиони денари

Јануари 24, 2020

Влогот во нашите деца претставува влог во иднината на државата.

Бидејќи ние не сакаме уништено образование, разочарана и безидејна младина, која како што велат нашите опоненти, младина која “среќата треба да си ја бара по белиот свет”, вложуваме во образованието и училишните услови.

Се реновираат спортски сали, училници, објекти, а во исто време се набавуваат нови помагала, нагледни средства и дидактички материјали- нешта кои со години биле оставени на работ на времето. Состојбата која ја наследивме во 2017 не е ни оддалеку слична на оваа на почетокот на 2020 година на локално ниво.

Реализирани инфраструктурните зафати во општина Битола:

  • ОУ “Др. Трифун Пановски”- реконструкција на спортска сала во која ништо не беше променето од градењето на училиштето во 1956, со средства од општината во висина од 906 000 денари
  • ОУ “Ѓоргу Сугарев”- изградба и опремување на сензорна соба за учениците со посебни потреби
  • Реконструкција на подрачно училиште во село Кравари, во рамките на ОУ “Крсте Петков Мисирков”- Бистрица со влог од општина Битола од повеќе од 1,5 милион денари
  • Реновирани соблекувални во ОУ “Св. Климент Охридски”
  • Целосно опремени три нови занимални во ЈОУДГ “Естреја Овадија Мара” во постоечките девет објекти, со влог од општината во висина од околу1 милион денари
  • Реконструктивни зафати во СМУ “Јован Калаузи”
  • СОУ “Кузман Шапкарев” доби нова дограма, санација на покривната конструкција и нова канализациона мрежа
  • СОТУ “Ѓорѓи Наумов” со општински влог од 230 000 денари се санира водоводната инсталација и се реновираа два кабинети и осум училници, кои понатаму со германска донација се опремија два кабинети.
  • Во градинките “Мајски Цвет” и “Коца Василева” комплетно се опремени 17 занимални, реконструирани се санитарните чворови и набавена е дополнителна опрема за сите објекти.

Со над 3 400 000 денари општински влог, продолжуваме да го исправиме на здрави нозе образованието во општина Битола, а не да го деградираме како што тоа беше правено 12 години од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани