Костaдиновска-Стојчевска: Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани

Јуни 11, 2020

Домашната платежна картичка „Купувам домашно“  ќе ја добијат 324.479 граѓани.  Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна, изјсви на денешната пррс конференција Бисера Костадиновска Стојчевска, кaндидат за пратеник на СДСМ во 5 ИЕ

  • 9.000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од  јануари до април 2020 година или поточно 115.927 лица
  • 3.000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари -април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ или поточно117.144 лица
  • 3.000 денари им следуваат и на средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години или 87.014 лица
  • Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19, со средства во висина од 40% од последната основна нето-плата.

-Финансиската поддршка корисниците ќе ја добијат едноставно и без постапки трошоци за аплицирање. Со внесување на својот ЕМБГ на kupuvamdomasno.gov.mk секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката.Издавање на домашните платежни картички ќе започне од 18 јули 2020, а искористување на средствата од домашните платежни картички е до 15 август 2020, рече Костадиновска-Стојчевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани