2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Намален криминалитетот, но зголемен бројот на сообраќајки

Април 27, 2018

Во текот на првото тромесечие од 2018 година, Секторот за внатрешни работи од Битола констатира намален број на пријавени кривични дела, односно зголемена реализација во однос на предходната година.

Во првото тромесечие регистрирани се вкупно 712 кривични дела, за разлика од првото тромесечие лани кога вкупниот број на кривични дела изнесуваше 822 или има намалување за 13%.

 

Вкупниот број на поднесени кривични пријави во првото тромесечие од 2018 изнесува 335 за разлика од минатата година кога имаше 291, па постигната е зголемена ефикасност за 15%.

Евидентирани се 36 кривични дела од економски криминал, поднесени 28 кривични пријави, додека во првите три месеци од 2017 година бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал изнесуваше 14.

Регистрирани се 22 кривични дела од недозволена трговија ,а поднесени се вкупно 20 кривични пријави. За ова трмесечие пронајдена е поголема количина на наркотична дрога марихуана и хероин за што се поднесени кривични пријави.

Во однос на кривичните дела од класичен криминал се бележи намалување за 17 % во однос на мината година односно во првото тромесечие за 2018 вкупно пријавени кривичните дела од класичен криминал се 651 ,а 2017 година биле пријавени 784 дела. Ефикасноста во расветлувањето е зголемена за пет проценти.

Последниот период намален е и трендот на тешки кражби, посебно во Битола и Прилеп. Во првото тромесечие од 2018 година регистрирани се 51 тешка кражба во куќи и станови и во споредба со последниот месец март лани имаме намалување за 7 проценти, а споредбено со 2017 година намалување од 58%. Откриени се и реализирани разбојништва кои беа извршени во повеќе аптеки низ градот за кои поднесени се соодветни пријави.

Во однос на јавниот ред и мир за прво тромесечие од 2018 година има 113 пријавени прекршоци по билтен, односно намалаување за 13% во однос на минатата година кога пријавени биле 130 прекршоци за првото тромесечие.

Во поглед на сообраќајот за првото тромесечие во 2018 година има вкупно 69 сообраќајни незгоди со потешки последици, а во однос на минатата година бројот на сообраќајните незгоди со потешки последици изнесува 59.Годинава има четири загинати лица во сообраќајни несреќи и тоа сите во Прилеп, за разлика од лани кога имало само едно лице. Повредени се 107 лица во сообраќајки, а лани 87.За 19 % зголемени се и сообраќајните незгоди со материјална штета.

„Во интерес на безбедноста на граѓаните, Секторот за Внатрешни работи Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, присподобување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот. Како досега така и понатаму СВР Битола ќе продолжи со превземање на засилени мерки и активности во сообраќајот, со цел непречено одвивање на истиот“, апелираат од СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани