2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Долговите за струја на поголемиот дел битолски училишта кои деновиве беа исклучени од ЕВН се наталожени од март 2017 година. Состојбата не е нова, но е поразителна зашто неплатените сметки се провлекуваат од времето на претходната локална власт до денес. Нема точна информација колкав е вкупниот долг, но неофицијално дознаваме дека изнесува околу 100 000 евра. Меѓу уличиштата има и такви кои седум години не плаќале струја за време на претходните директори.

Струјата не е единствената давачка која школите не ја подмирувале редовно, а биле со години толерирани. Во некои од нив вода не е платена од 2008 година.

Неколку училишта од Битола денес се исклучени од струја поради напластени долгови. Се работи за школи кои подолг период имаат блокирани сметки. Вработени во битолските училишта велат дека засега се исклучени шест, а нема информација дали без струја ќе останат сите оние кои должат и имаат блокирани сметки. Од ЕВН потврдија дека има исклучување од струјната мрежа на битолски училишта 

„Неколку месечните разговори со училиштата за изнаоѓање начин за расчистување на долгот не вродија со плод, па согласно законските прописи, како за сите корисници, така и за нив беше преземена последната мерка, односно исклучување. Остануваме отворени за изнаоѓање начин за расчистување на долгот“, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН. 

Од Општина Битола се огласија со писмено соопштение дека се работи за затекната состојба во образованието од претходната власт која предизвикува дополнителни проблеми во работењето на школите.

На литературната и ораторската средба што вчера се одржа во НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола беа избрани најдобрите поетски творби и ораторски настапи од ученици кои се пријавија на конкурсот „Чист воздух за сите“. Конкурсот беше во организација на ОУ „Св. Климент Охридски“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод одбележувањето на Месецот на екологијата.

СВР- Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на средното училиште „Таки Даскало“ – Битола, во текот на учебната 2015/2016 година, и покрај тоа што од благајникот му било предочено, дека во пристигнатите фактури и списоци за превоз на ученици, бројот на ученици е поголем од реалниот број на ученици коишто го користат превозот, не ги вратил фактурите и списоците кај превозниците за корекција, и исплатил 105.789 денари, со што им овозможил имотна корист од 73.991 денари на „Џем Турист“ ДООЕЛ, 25.428 денари на Лука Експрес ДООЕЛ и 6.370 денари на Гопеш Транс ДООЕЛ.

СВР- Битола поднесе кривична пријава против Б.Р.Т (49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од од 01.11.2011 до 30.10.2014 година, пријавената, како директор на основното училиште “Стив Наумов“ Битола и покрај тоа што договорот помеѓу “Стив Наумов“ и ДООЕЛ “Амсекјурити“ Скопје, за мониторинг надзор и 24 часовна мобилна интервентна патрола на објектот, бил со важност до 30.10.2011 година, му овозможила на ДООЕЛ „Амсекјурити“ Скопје да продолжи со давање на услугата до 30.10.2014 година, без да се поведе соодветна постапка за избор на најповолен понудувач, како и без да се потпише анекс на договорот, со што му овозможила на ДООЕЛ „Амсекјурити“ Скопје да се стекне со имотна корист од 108.000 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани