АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, под претседателство на Томе Димитровски, ја усвои финансиската програма за минатата година и се осврна на активностите спроведени од 21 септември 2018 година кога новото раководство стапи во функација.
„Извештајот за работата во овој период е рален и многу динамичен“, соопштуваат од Здружението на пензионери од Битола.
Планираат во текот на оваа година да се зголемат активностите на културен и спортски план бидејќи битолските пензионери учествувале во сите активности што ги спроведе Сојузот на здруженија на пензионерите.
Воедно, на состанокот на Извршниот одбор беше донесена олука да се донираат постелнини во Клиничката болница во Битола, наменети за Коронарното одделение.
Од Здужението на пензионери од Битола најавија дека и оваа година за своите членови ќе организираат екскурзии на важни релации во земјава.