Здружението ќе обезбеди просторија за клуб на пензионери

Септември 20, 2019

Здружението на пензионери од Битола го одбележа 20 септември, Денот на пензионерите, а Извршниот одбор и Собранието на Здружението под претседателство на Томе Димитровски и Крсте Белевски одржаа состанок на кој донесоа одлука да се формира Комисија за купување на просторија за клуб на пензионери каде нивните членови ќе можат да врват дел од слободното време. Комисијата ќе работи во следните денови, просторијата е најдена, само треба да се договорат со сопственикот за купување, а не за плаќање откупнина. Се донесе одлука за прифајќање на донацијата од ЈП „Комуналец“ за поставување клупи на влезот кај објектот на пензионерите  со што тој ќе добие естетика, а во следниот период ќе се изгради и настрешница. 

 В недела во Радовиш ќе се одржи спортски натпревар на пензионерите на кој ќе учествуваат 850 пензионери, од кои од Битола 30 лица во некоку спортски дисциплини. На 25 септмеври во Битоа ќе се одржи регионана средба со наслов „Пензионерите пеат“, ќе учествуваат десетина групи со по две изведби. Меѓу нив ќе биде и „Сирма војвода“ која работи при битолското здружение и неодамна настапи и на Илинденски денови и на други културни манифестации. 

 пен 2

пен 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани