АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери од Битола потпиша меморандум за соработка со Здружението на пензионери од Ѓорче Петров. Повелбата и документите за востановување на соработка ги потпишаа претседателите Томе Димитровски од Битола и Војо Ристевски од Ѓорче Петров. Во битолската општина има 19 000 пензионери, а во општина Ѓорче Петров 9000, кои низ донесената програма ќе се обидат поуспешно да соработуваат на повеќе полиња за нивните пензионерски денови да минуваат што подобро.
Денес во Здружението на пензионери се одржа и седница на Извршниот одбор на која беше расправано за некои актуелни прашања за пензионерите од Битола. Истовремено седница под претседателство на Крсте Белевски одржа и собранието. Беше објавено дека на 6 март ќе биде ставен во употреба првиот пензионерски клуб во Битола кој се наоѓа на призњемјето од зградата каде се наоѓа Здружението на пензионери. Ќе се користи за дружење и разонода на пензионерите.