АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски започна со посета на населените места во општината каде остварува средби со претседателите на месните заедници и локалното население.На средбите покрај градоначалникот присуствуваат советници и локални функционери.
-Овој вид на комуникација со граѓаните е многу важен, бидејќи како градоначалникот изворно ги добивам информациите за потребите на граѓаните во населените места и проблемите со кои се соочуваат. На работните средби со граѓаните, советници и локалните функционери, заеднички наоѓаме решенија за надминување на постојните проблеми и даваме предлози за подобрување на условите за живеење, воедно граѓаните се информираат за тековните и планирани градежни активности кои ќе допринесат за надминување на посочените проблеми, вели Кузманоски.
Изминатите денови средби се одржаа со жителите од с.Зовиќ, с.Градешница, с.Старавина, с.Будимирци, с.Живојно, с.Бач, с.Далбеговци, с.Горно Агларци, с.Долно Агларци, каде граѓаните најповеќе разговараат околу проблемите со комуналната инфраструктура.