Поради дефект на водоводната мрежа на улицата "Прогрес" во Битола без водоснабдување се село Поешево и улица "Индустриска".

 

Поради дефект на пумпните агрегати за испорака на вода во село Брусник, се информираат мештаните дека до понеделник ќе имаат повремени прекини во водоснабдувањето, но никако нема да бидат оставени без вода.

Два нови големи дефекти се појавија утрово на водоводната мрежа, едниот на патот кон РЕК Битола, помеѓу селата Трн и Карамани. Другиот кон Кромберг&Шуберт.

Екипите на ЈКП Водовод се веќе на терен и работат на брза санација на водоводната мрежа и нормализирање на водоснабдувањето.
Вчера екипите работеа на поправка на дефект што се појави на главната улица, а веднаш потоа се санираше дефект на улицата Солунска. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани